Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека поради руските напади врз енергетскиот систем околу четири милиони луѓе останаа без електрична енергија.

Зеленски наведе дека 14 региони и Киев се без електрична енергија.

Украинскиот енергетски оператор „Укренерго“ соопшти дека најавеното исклучување на струјата ќе биде спроведено на целата територија на земјата.

Се претпоставува дека недостигот на електрична енергија и греење ќе предизвика нов бегалски бран кон европските земји.

Околу 6,9 милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина, а Словачка и Унгарија се подготвуваат за нов бегалски бран во следните месеци.