Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето до лидерите на групата седум водечки индустриски демократии нагласи дека сака војната на Русија во Украина да заврши до крајот на годината, пред да дојде зимата, изјавија двајца европски дипломати.
Зеленски преку видео конференција им се обрати на лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија и САД на вториот ден од нивната средба во јужна Германија.