Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја обвини Русија дека употребила ракета „направена во Северна Кореја“ во нападите врз Киев во текот на ноќта во кои загинаа најмалку 12 лица.

„Според првичните извештаи, Русите користеле балистичка ракета произведена во Северна Кореја. Нашите разузнавачки служби ги проверуваат сите детали“, рече Зеленски на Фејсбук, пренесува Бета-Франс прес.

Во напад на руски ракети и беспилотни летала, насочен кон Киев синоќа, според извештајот на Украинската служба за вонредни ситуации, загинале 12 лица, а 90 се повредени.