Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за германскиот весник Ди Велт ја предупреди Кина да не ја поддржува Русија во нејзината војна против Украина, бидејќи „тоа ќе доведе до светска војна“.
Коментарите на Зеленски дојдоа откога Кина им порача на САД дека не се во позиција да поставуваат барања, откако висок американски дипломат го предупреди својот кинески колега Пекинг да не ѝ дава оружје на Русија во нејзината војна во Украина.
– За нас е важно Кина да не ја поддржува Руската Федерација во оваа војна. Всушност, би сакал да биде на наша страна. Во моментов, сепак, мислам дека тоа не е можно, изјави Зеленски за Ди Велт.
Но, додаде Зеленски. гледам можност Кина да направи прагматична проценка на она што се случува овде.
– Затоа што, ако Кина се здружи со Русија, ќе има светска војна и мислам дека Кина е свесна за тоа, рече украинскиот претседател.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во саботата го предупреди високиот кинески дипломат Ванг Ји за последиците доколку Кина обезбеди поддршка за Русија, доавајќи дека е загрижен оти Пекинг размислува да ѝ испорача оружје на Москва.