Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вчера одржаа прес-конференција во Бански двори ја коментираа изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој предупреди дека Русија планира да започне нова војна меѓу две земји на Балканот и дека тоа ќе биде ново руско одвлекување на вниманието во светот.
-Убеден сум дека европскиот пат за земјите од Западен Балкан е најважниот чекор за мир овде, рече Мишел на новинарско прашање за изјавата на Зеленски.
Пленковиќ образложи поопширно:
-Пораката на претседателот Зеленски е многу јасна. Јасна е во контекст на пошироката дестабилизација на целиот европски континент. А руската агресија против Украина, меѓу другото, има функција и на дестабилизација на државите кои граничат со ЕУ, рече хрватскиот премиер и го наведе примерот на Молдавија и Грузија.
Пленковиќ го спомена и многу сериозниот инцидент на паравоените групи во Бањска, на северот на Косово.
-Имаме неколку потенцијални фокуси на нестабилност. Политиката на Хрватска отсекогаш била да вложи максимални напори меѓународната заедница да биде силно ангажирана во областа на Југоисточна Европа, поради што сме поборници за проширување кон нашите соседи. Само цврстото закотвување на земјите од нашето соседство во европскиот процес гарантира мир, безбедност, стабилност и подобри меѓусебни односи, рече тој.
Племковиќ во продолжение додаде:
-Можеби има повеќе од овие жаришта во нашето непосредно соседство. Не сум разговарал со претседателот Зеленски во последниве денови, така што не можам да дешифрирам за кое потенцијално жариште зборуваше, но со оглед на околностите, може да има повеќе, изјави Пленковиќ.