Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека одржувањето избори во услови на војна би претставувало огромен ризик за Украина.

Зеленски тоа го изјави како коментар на повикот на неговиот поранешен министер за одбрана, Михајло Федоров, Украина да се подготви за одржување избори.

„Сметам дека во услови на ваква војна, изборите како такви претставуваат огромен ризик“, рече Зеленски.

Според него, изборите би биле „цунами“ што „би ја поделило Украина“, изјави украинскиот претседател во разговор со медиумите.

фото: архива