Украина ја очекува првата транша од деблокираниот заем од ЕУ од 90 милијарди евра кон крајот на мај или почетокот на јуни, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Тој додаде дека со средствата кредитот ќе биде засилена украинската армија.
Предвидено е денеска земјите-членки на Унијата официјално да го одобрат договорот за заем од 90 милијарди евра. Финансирањето е наменето за покривање на најитните економски и воени потреби на Украина.
Одобрувањето на кредитот за Украина беше пролонгирано поради спорот помеѓу Киев и Будимпешта за запрените испораки на руска нафта до Унгарија и Словачка преку нафтоводот „Дружба“, кој поминува низ Украина.




