Украинците треба да разберат дека Русија ги има сите расположливи ресурси да го запре напредувањето на украинските војници во источните и јужните делови на земјата, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

– Сите ние мора да разбереме многу јасно, колку што е можно појасно, дека руските сили во нашите јужни и источни региони прават се што е во нивна моќ да ги запрат нашите војници, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање по брифингот со високи воени команданти.

– Затоа на секои илјада метри на кои напредуваме, секој успех на секоја борбена бригада ја заслужува нашата благодарност, додаде украинскиот претседател.