Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го посети Змискиот Оастров во Црно Море, чии бранители се спротивставија на Русија уште од почетокот на инвазијата.

– Денеска сме на Змиски Остров, кој никогаш нема да биде освоен од окупаторот, ниту цела Украина, бидејќи ние сме земја на храбрите. Сакам да им се заблагодарам на секој наш војник од овде, од ова место на победа, за овие 500 дена, посочи Зеленски.

На видеото објавено денеска, но без датум се гледа како Зеленски пристигнува на Островот и положува цвеќе на споменикот.

Москва го зазеде Змиски Остров кратко по почетокот на инвазија, украинските војници беа заробени, но подоцна беа разменети за руски затвореници. Украинските сили повторно го зазедоа островот во јуни минатата година.