Три лица загинаа во сообраќајна несреќа на железничката пруга во кумановското село Романовце, кога товарен воз удрил во автомобил „голф“.

Според болнички и неофицијални извори во автомобилот имало четири лица, од кои тројца загинале на местото на несреќата.

Неофицијално лицата се жители на Арачиново, брачен пар и дете. Четвртиот сопатник успеал да скокне од возилото и се спасил, но неговата состојба се уште не е позната.

Полицијата потврди дека на пругата се случила несреќа, и дека е отпочнат увид.

Несреќата се случила во 11:45 часот пред железничкото стојалиште „Превој“ помеѓу железничките станици Куманово и Романовце на обележан железнички патен премин.

Како што дознаваме во „голфот“ со скопски регистерски ознаки, удрил товарен воз на Македонски железници. А во несреќата загинале возачот Н.Б на „голфот“ и сопатничките С.Б и З.Б, а четвриот сопатник И.Б успеал да се спаси

Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово се уште вршат увид.

Сообраќајкот на овој патен правец е во прекин.