Околу 25 вагони од товарен воз излетаа од шините вчера во северозападниот дел на државата Монтана, а нема извештаи за повредени или евакуација, соопштија властите.

Вагоните, за кои се верува дека не превезувале ништо опасно, излетале од шините во близина на градот Парадајс покрај реката Кларк Форк, изјави Бил Браун, диспечер во канцеларијата на шерифот на округот Сандерс.

Од вагоните не се исфрлени опасни материјали, се вели во соопштението на Монтана Рајл Линк. Компанијата соопшти дека причината за несреќата се истражува.