Важно е Македонските земјоделци да ја хранат Македонија, а не секоја година да се увезува храна за 700 милиони евра, ова денеска во соопштение до јавноста го истакнаува ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС и ДУИ го уништија земјоделието. 7 години како се на власт, 7 години Македонија тоне. Само во 2022 година повеќе од 700 милиони евра се одлеале македонски девизи за увоз на храна. Наместо тие пари да останеле во државата и да се плателр кон Македонските земјоделци и производители, тие завршиле надвор. Со СДС и ДУИ може да биде само полошо. Ако во 2013 – 2014 имало 100.000 регистрирани земјоделци, сега има 60.000, се вели во соопштението.

Натаму се додава:

– Зеленчук како домат и краставица кој сме го извезувале, сега наголемо се повеќе се увезува. СДС и ДУИ немааат стратегија за развој, туку стратегија на испумпување на пари од МЗШВ и агенциите под негова капа, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.