Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Италија и областа околу Бергамо, соопшти италијанската агенција за вулканологија (ИНГВ).

Земјотресот го погодил Бонате Сото, град во областа Бергамо, а епицентарот бил на длабочина од 26 километри.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, земјотресот бил почувствуван во целата област, а го почувствувале и жителите на Милано.

Миланската противпожарна служба соопшти дека нема директни извештаи за штети или потенцијални жртви во градот, пренесува италијанската агенција Анса.