Земјотрес ја потресе Црна Гора денеска неколку минути пред 15 часот.
Епицентарот на земјотресот со јачина од 4,6 степени според Рихтер е на 48 километри јужно од Подгорица, во близина на Улцињ.
Според бјавите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, потресот траел околу пет секунди.
Некои медиуми во регионот објавија дека потресот бил со јачина од 5,1 степени по Рихтер, а истиот бил регистриран и во Албанија.
Засега нам информации за штети и други детали.