Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 11:22 часот по локално време, бил на 56 километри западно-северозападно од Кахраманмараш и 14 километри југо-југозападно од Ѓоксун. Длабочината на епицентарот се проценува на пет километри.
Новиот потрес е во областа каде во двата земјотреси на 6 февруари, со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, загинаа повеќе од 50.000 луѓе.