Алијанса за Албанците веќе е дел од новото владејачко мнозинство за пратеникот од опозициската Беса, Фадил Зендели, бидејќи на денешната собраниска седница пратениците од партијата на Арбен Таравари го обезбедиле кворумот за новата пленарна седница.

– Секојдневните активности на Алијанса за Албанците во Собранието ја докажуваат поддршката на парламентарното мнозинство. Ова се докажа и денеска кога власта успеа да обезбеди 61 пратеник со поддршка на Алијанса за Албанците. Преговорите за вклучување на АА во Владата се одразуваат во нивните постапки во Собранието. На здравје за новото мнозинство, напиша Зендели на својот профил на Фејсбук.

Инаку, како што е веќе објавено, лидерите на СДСМ и ДУИ, Димитар Ковачевски и Али Ахмети се во преговори со партијата на Таравари за окрупнување на мнозинството во Собранието за промени на Уставот и влез на Бугарите во Уставот на Република Македонија.