Бившиот заменик-министер за надворешни работи и актуелен директор во Македонски железници, Андреј Жерновски, се пофали дека денеска бил работно во Штип каде што се одржуваат локални избори за градоначалник.

Тој на Фејсбук објави „селфи од работната атмосфера“ и може да се види дека сосе Жерновски во една просторија без дистанца се осум души.

Веќе е познато, власта на која припаѓа и Жерновски препорачува на зимските куќни слави да има по четири гости.

Како што објавивме денеска за градоначалник на Штип гласале и лица кои се позитивни на вирусот.

Испаѓа дека коронавирусот шета по куќни слави, но не и на избори и во простории каде што се прават „работни селфи“.

(Д.Г.)