На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 13:00 часот гласале 6938 гласачи, односно 16,61 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 1107 избирачи, односно 22,35 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК информира дека до овој момент не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

– Сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница се навремено отворени. Гласањето е започнато во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот, се соопшти утрово ДИК.
Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

ДИК потесттува дека информациите во однос на излезеноста на гласање, како и резултатите во живо по завршувањето на гласањето ќе можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk.

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.