Десетици жители на Западна Австралија се евакуирани, а најмалку 10 куќи се уништени во пожар кој избувна во борова шума и неконтролирано се шири на северниот дел на градот Перт, соопштија денеска властите.
„Нема пријавени смртни случаи, но неколку пожарникари претрпеле полесни повреди, најмногу поради вдишување чад“, изјави комесарот за вонредни ситуации во Западна Австралија, Дарен Клем.
Тој рече дека ќе бидат потребни неколку дена за пожарникарите кои се вклучени во гаснењето на пожарот да го стават под контрола.
Пожарот избувна вчера попладне во борова шума на североисточниот дел на Перт, а во текот на ноќта го разгореа ветровите со брзина од 60 километри на час, додека во гаснењето се вклучени 150 пожарникари, соопштија властите. Причината за пожарот се истражува.
Се прогнозира дека температурата во Перт во текот на денот ќе достигне максимални 40 степени Целзиусови, што е исклучително топло за пролет на јужната хемисфера, а ветровите се уште се силни.
Фото: МИА архива