За помалку од две години, сто илјади војници од вооружените сили на Украина биле обучени во западните земји, изјави шефот на финансискиот комитет на Врховната рада на Украина, Данил Гетманцев.

Според него, коалицијата ја сочинуваат 32 земји кои се обединети во две воени мисии: Групата за поддршка на безбедноста на Украина и Мисијата на ЕУ за давање воена помош за Украина, пренесува Спутник. Оваа коалиција се занимава со обука на војници, а обезбедува и инструктори, полигони и опрема.

Фото: ЕПА