Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е задоволен по ремито со Ваљадолид во 2.коло од шампионатот на Шпанија.

Реал вчеравечер одигра 1:1 на свој терен.

– Многу се трудевме и постигнавме гол во второто полувреме. Го направивме во не баш најдобриот наш сегмент во натпреварот. Неколку минути пред крајот противникот изедначи. Тешко е да се прифати овој резултат. Заслуживме три бода, изјави Зидан.

Тој побара од своите избраници посветеност до последниот судиски свиреж.

-Инсистирам дека треба да играат сите 90 минути. Ако се однесуваме цело време, како во првото полувреме, ќе имаме одлични шанси да победуваме, потенцира Зидан.

Реал по првите две кола има четири бода.