Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан проговори за критиките за Светското првенство во Катар во 2022 година.

– Мислам дека треба да ја оставиме контроверзноста настрана и да продолжиме да разговараме за натпреварите на Светското првенство – за доброто на сите ентузијасти кои само сакаат да гледаат фудбал. Во секој случај, она што ќе го кажеме за било што никогаш нема да биде правилно, никогаш нема да биде точно и никогаш нема да биде соодветно. Затоа треба да оставите простор за фудбал и натпреварување за сите да си поминат добро, го цитира Зидан „RMC Sport“.

Претходно, некои експерти ја критикуваа одлуката да се даде право на Катар да биде домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година. Ова се должи на фактот што во земјава се прекршуваат принципите на демократијата, човековите права и условите за работа на печалбарите.

Фудбалскиот Мундијал во Катар ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември.