Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изрази загриженост во врска со сериозниот бран на повреди кои го погодија шпанскиот гигант. До почетокот на сезоната во Ла Лига нема многу време (16-ти август), а амбулантата во „Сантијаго Бернабеу“ наскоро ќе биде преполна.

Најновата жртва за време на летната подготовка беше новиот лев бек Ферлан Менди. Тој доживеа повреда во САД и сега ќе има потреба од специјализирана помош.

Младиот талент Брахим Дијаз и Марко Асенсио, кој ги скина лигаментите во коленото и може да пропушти поголем дел од кампањата, се наоѓаат во слична позиција.

– Тоа ме загрижува и не ми дава мир. Ние се подготвуваме со играчите кои се тука, а потоа се враќаме во Мадрид. Токму сега не мислам за тоа кој може да го замени Марко. Ние сме шокирани поради неговата повреда, а составот е оној, сокој располагаме во моментот, додаде Зизу.