Капитенот на Монако Радамел Фалкао, следната сезона ќе настапува за италијанскиот клуб Рома.

Италијанските медиуми пишуваат дека Фалкао ќе биде идеална замена за Босанецот Един Џеко кој ја напушта „волчицата“ за да им се приклучи на „нероазурите“.

Освен Рома, за одличниот напаѓач постои голема заинтересираност од неколку клубови во Турција, кои сакаат да го видат во нивната линија на нападот.

Сепак, конечната одлука за тоа дали кариерата ќе ја продолжи во Турска или Италија останува да ја донесе самиот Радамел.