ЗИМАТА СЕ ПОВАМПИРИ: Кога се очекува првиот цут снег вее во Маврово, Попова Шапка и Стража 

/ 07.03.2020

Од 17 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово- Дебар, а врнежи од снег има во Маврово, Попова Шапка и на планинскиот превој Стража.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.


Од истата категорија