Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.М. (52) од село Долно Косоврасти, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Пријавениот на дел од катастарски парцели во катастарска општина „Долно Косоврасти“ на место викано „Бањи“, изградил бетонски ѕид со метална мрежа, на место во сопственост на државата, а притоа немал одобрение.




