Првиот новитет на телевизија Алфа го најавува за претстојната 2026/2027 ТВ сезона е новото дебатно ток шиѕ „Колегиум. Оваа емисија ќе се емитува од понеделник до петок во 18:10 часот, веднаш по централните вести, заменувајчи ги досегашните класични политичко-дебатни емисии на Алфа.

Во новата сезона „Колегиум“ на Алфа ТВ – нов концепт, нова динамика и уште поактуелни теми. Десетина колеги со отворен ум ќе размислуваат за денешницата, за перспективите кои ни претстојат, ќе набљудуваат, ќе анализираат, ќе дебатираат за актуелните политичко општествени случувања и ќе заклучуваат.

Аналитичарот Сотир Костов ќе биде постојан домаќин на емисијата, а покрај него, секоја емисија ќе има и по еден гостина и двајца новинари од Алфа.
Па така, друштво на Костов ќе му прават познатите ТВ лица на Алфа и тоа Богдан Илиевски, Анастасија Илиевска, Паула Костадиноска Костиќ, Љупчо Цветановски, Искра Коровешовска, Елена Марковска, Драган Милосавјевиќ и Бојана Димитријевска Марковска.
Покрај познатите експерти и имиња кои се појавуваат во медиумскиот простор со години, Алфа најавува проширување на спектарот на лица кои ќе се појавуваат на малите екрани, најавувајќи нов шмек и поголема креатива на досегашните политички емисии.




