Незадоволни жители од селото Чифлик денеска излегоа на протест на магистралниот пат Штип-Кочани. Како што велат, во 21 век кога Македонија се стреми кон Европската Унија, тие се соочуват со немање водовод и канализација.
Затоа, го блокираа патот Штип -Кочани. Бараат Јавното обвинителство да провери каде се потрошени парите, бидејќи водоводот изграден пред 20 години не е во функција, а во ветер залудно се фрлени и 16 милиони денари за изградба на канализација во 2015-та. Тие се уште користат техничка вода од бушотини и имаат септички јами.
На жителите им е здодеано од политичари, залудно потрошени пари и неквалитено завршена работа. Затоа најавуват бојкот на сите избори. На гласање ќе излезат само кога ќе добијат основни услови за живот.
Од општина Чешиново – Облешево ги подржуваат барањата на жителите на Чифлик. Велат дека тие се уште чекаат одговор од Министерството за животна средина за прочистителна станица кај ова село.
Инаку во оваа ошштина од 14 населени места само две имаат канализација, а неколку немаат никаков водовод.