Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром неколку пати јавно реагираше и повикуваше градоначалникот Златко Марин да ја преиспита одлуката за именување на лицето Марија Калешов за директор на ОУ „Александар Македонски“, меѓутоа градоначалникот остана „глув“ на овие повици.
Пред околу еден месец и јавно поставивме прашање: „Зошто градоначалникот молчи и повеќе од еден месец не постапува по известувањето и записникот на државниот просветен иснпекторат, во кои јасно е констатирано дека поставената директорка на ООУ „Александар Македонски“ не ги исполнува условите за именување на директор? Или можеби ќе треба да даде одговор пред надлежното обвинителство, заради злоупотреба на службената должност и овластување?“.
Градоначалникот сеуште нема одговор.
ОК Аеродром дојде до документи кои докажуваат дека градоначалникот работи незаконски.
Со цел правилно информирање на жителите на општина Аеродром јавно ги објавуваме истите.
Златко Марин незаконски именува директори, а со тоа го доведува во прашање воспитно – образовниот процес на најмладите.
Очигледно единствен критериум на СДСМ при назначување на директори е партиската припадност. Ништо друго не е битно. СДСМ и Златко Марин се срам за општина Аеродром.