ЗЛАТКО СТОЈЧЕВ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ТИКВЕШКИТЕ ЛОЗАРИ: Осум денари цена за кг. грозје-жално и срамно!

/ 12.11.2019

Ние на два пати поднесовме барање до министерството за земјоделие да се сретнеме со министерот и со некој од советниците. Од тоа не направивме ништо. Еднаш не примија и беше кажано дека ќе има уште една средба, но ни од тоа немаше ништо , вели Златко Стојчев земјоделец и претседател на регионално здружението на тиквешки лозаро-овоштари при гостување во емисијата Отворено на ТВ 24.

Стојчев посочи дека наместо цената грозје да се движи во нагорна линија, за жал оваа година грозјето ја достигна најниската цена и тоа само 8 денари за килограм, при што нагласи дека ова што се случува е срамота и жално за лозарите. Што да ви кажам друго. Жално и срамно е 8 денари килограм грозје. Лани имавме најниска цена од 11 денари плус 1 денар субвенција по килограм грозје за смедеревката, за вранецот имавме 13 денар плус 1 денар тоа се 14 денари. Кога бевме во Кавадарци беше таму и министерот и кажавме да ја задржиме оваа цена и да не се прават проблеми бидејќи годината не е добро наклонета, да остане ланската цена и ние се надевавме дека така ќе биде, испадна друго нешто. Цената на грозјето наместо да оди, нагоре цената падна на 8 денара, истакна тој.

Стојчев потенцираше дека секоја претходна година заедно со министерството за земјоделство се разговарало пред откуп на грозјето, како и дека на секој откупен пункт имало инспектори за да регулира дали вагите мерат точно и доколку има некои нерегуларности да бидат евидентирани, но како што спомена тој оваа година и покрај тоа што е должно министерството да задолжи инспектори, оваа година немало инспектори на откупните пунктови. Министерството е должно на секој откупен пункт да има инспектори. Но, оваа година немаше ништо, додаде Стојчев.


Од истата категорија