Рускиот воен брод Дмитри Донски, кој носел злато вредно 133 милијарди долари и потонал во поморска битка пред 113 години, наводно е откриен во крајбрежните води на Јужна Кореја.

Се смета дека воениот брод, кој е откриен во близина на островот Улеунгдо, бил потопен за време на руско-јапонската војна и би можел на својата палуба да го превезувал златото.

Дмитри Донски бил оклопна крстарица во состав на Руската кралска поморска балтичка флота кој бил распореден во Пацификот во војната 1904-1905 година.

Најверојатно бродот учествувал во битката за Цушима во која русите биле поразени од јапонските бродови.

Некои историски податоци наведуваат на тоа дека на Дмитри Донски се носело залатото од целата руска флотила, за плаќање на таксите во пристаништата, за плати на морнарите и офицерите, а веројатно и за купување оружје од Америка.

Јужнокорејската нуркачка компанија која трага по потонато благо, Шинил груп, провела многу години во обид да го пронајде бродот и богатството кое со себе го носел. Од фримата велат дека забележале ковчези во кои е можно да се наоѓа златото. Во операцијата за извлекување на товарот ќе учествуваат специјализирани екипи од Кина, Канада и од Британија.

Русија, која на јужнокрејскат фрима и помогнала во откривање на остатоците на бродот, ќе добие еднаков дел од парите како правен наследник на бродот.