Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со 11-годишниот македонски пијанист Андреј Цековски, кој од Њујорк се врати со златен медал и пехар за освоено прво место на „International Youth Music Competitions“.

Андреј настапи на гала-вечерта на победниците во „The DiMenna Center for Classical Music“ во Њујорк, каде што пред меѓународна публика го претстави својот музички талент и гордо го понесе македонското знаме.

На средбата, Андреј сподели дел од своето искуство од натпреварот и настапот во Њујорк, а министерот Сулејмани му упати честитки за освоеното прво место, неговата посветеност и успехот со кој ја претстави Северна Македонија на меѓународната сцена.
Поддршката на младите таленти и создавањето услови за нивен професионален и уметнички развој се меѓу приоритетите на Министерството за култура и туризам во унапредувањето на македонската култура.
„Успесите на младите уметници се најдобар доказ дека Македонија има таленти кои можат рамноправно да се претстават на светската сцена. Наша задача е да ги препознаеме, охрабриме и поддржиме“, истакна министерот Сулејмани.