Повеќе од јасно е дека раководството на СДСМ води политика што создава сомнеж во јавноста дали воопшто партијата ги застапува македонските национални интереси или работи во полза на туѓи агенди и наративи.
СДСМ со години наназад води политика на национални отстапки, релативизирање на македонскиот идентитет и поткопување на државните позиции.
Се започна од интервјуто на Зоран Заев за БГНЕС, каде јасно и гласно го изедначи македонскиот јазик и култура како исти и заеднички со бугарскиот јазик и заедничка историја.
Потоа следуваше изјава од тогашниот претседател Стево Пендаровски со кои дополнително се отворија контроверзии околу ликот и делото на Гоце Делчев, нарекувајќи го Бугарин.
Следствено на ова, се потпиша и т.н. француски предлог, прифатен од владата на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, што претставува најголема дипломатска капитулација и отстапки на штета на македонските позиции.
Дополнително, членот на Централниот одбор на СДСМ, Рубин Земун, со својот последен јавен настап ја минимизира улогата и значењето на Гоце Делчев, како историска личност кој е темел на македонската државност.
Венко Филипче, во континуитет инсистира на уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, притоа релативизирајќи ги постојаните негирања и провокации што доаѓаат од официјална Софија кон македонскиот идентитет, јазик и историја.
Со ваквите ставови и политики, Венко Филипче е политички мегафон на Софија во Скопје, промовирајќи наративи што директно им штетат на македонските национални позиции и достоинството на македонскиот народ!
Се поставува прашањето која е позадината на ваквите бугарофилски политики на СДСМ, кога упорно промовираат наратив што директно се коси со чувствата и ставовите на македонскиот народ?!
Во чие име се води оваа политика на релативизирање на македонскиот идентитет?! Во чии интереси се шири тезата дека Бугарија не го оспорува македонскиот национален идентитет, кога секојдневно сме сведоци на спротивното?! Зошто СДСМ постојано се обидува да ја прикрие сопствената политичка одговорност зад флоскулата за европскиот пат, додека истовремено ги блокира и бојкотира реформските процеси во Собранието?!
Се сомневаме дека вистинските мотиви за ваквиот наратив не лежат во европската иднина на државата, туку во заштита на лични бизнис интереси, капитал и економски релации поврзани со Бугарија.
Затоа, јавноста заслужува одговор на следниве прашања:
* Дали е точен фактот дека Венко Филипче ја поседува фирмата во POWER i8
Ltd., ЕИК 207164506, регистрирана во Петрич, со дејност поврзана со
недвижности?
* Дали семејството Заеви е поврзано со фирмата GOMASIDRA Ltd., ЕИК
204619751, исто така регистрирана во Петрич?
* Дали на истата адреса во Петрич, ул. „Гоце Делчев“ бр. 12, се
регистрирани и други компании поврзани со лица блиски до Заеви?
Дали постоењето и работењето на овие фирми се основната причина за ваквите бугарофилски политики на СДСМ?!
Дали членовите на СДСМ се заложници на раководството и нивните политики кроени од нивните лични и бизнис интереси?
Го повикуваме Венко Филипче да се одважи, охрабри и да објасни што работат овие фирми во соседна Бугарија и која е нивната цел.
Ги повикуваме и членовите и симпатизерите на СДСМ да не поддржуваат вакви штетни политики и да не бидат нивни заложници.
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, базирајќи се на основните темели на постоење на македонската држава, Илинден и АСНОМ, ги остава вратите отворени за сите искрени и чесни членови и симпатизери на СДСМ.
На новинарско прашање дали е точно дека партијата се распаѓа, како што тврди СДСМ, особено поради заминувањето на еден пратеник и една советничка и дали има вина во самата партија, портпаролот Мемов одговори:
„Една третина од гласовите што ги имаше СДСМ се на контото на ЗНАМ, веќе во континуитет, од претседателските избори, преку парламентарните и локалните избори. Нормално е дека СДСМ имаат против партијата Движење ЗНАМ – За Наша Македонија и ние го разбираме тој факт. Контиунуирано работат на ослабнување на позициите на Движењето ЗНАМ.
Но, ЗНАМ е стабилна политичка партија, којашто секојдневно расте. На терен имаме 54 општински организации коишто работат деноноќно. Пратеничката група е стабилна, ние ги кажавме позициите за заминувањаето на пратеникот Цеков“.
Во однос на прашњето дали ќе има промени во ресорите на ЗНАМ со најавената реконструкција на Владата, Мемов рече:
„Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија пристапи принципиелно во преговорите со ВМРО ДПМНЕ за составување на Владата пред две години и ние тука настапивме со Програмска платформа и политики кои сега се составен дел на владината Програма. Не разговаравме тогаш за персоналниот состав кои министри и кои заменици, функционери ќе влезат во Владата. За Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија најважна е имплементацијата на политиките на Владата. Од друга страна секојдневно правиме евалуација на работата на нашите јавни функционери. Минатата недела имавме координативен состанок со сите јавни функционери од ЗНАМ, каде што се задолжени да дадат извештај за својата работа за
овој двегодишен период. Генерално раководството на партијата е задоволно од работата на сите нив“.
На прашањето како гледаат од ЗНАМ на разг ворот на премиерот Мицковски со Јавниот обвинител Савески, како коалиционен партнер, во делот на Етичкиот кодекс за работа и дали треба да се слушаат и рааговараат во светло на најавената интерпелација од СДСМ за премиерот, Мемов нагласи:
„Апсолутно дека треба да разговараат и комуницираат сите институции од било какво ниво на власт. Власта е поделена согласно Уставот на извршна, законодавна и судска и тука не гледам дека има простор за забрана на било каква комуникација. Забрането е влијанието и сугестиите од извршната спрема судско-обивнителската власт. Апсолутно е демократско правото на политичките партии да покренат интерпелација за било кој јавен функционер избран во Собранието на Република Македонија.
Центар за комуникации и аналитика на ЗНАМ




