Денеска во посета на Општина Кичево беше Премиерот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски, заедно со пратениците г-дин Ѓорѓија Сајкоски, Министерот за социјална политика, демографија и млади г-дин Фатмир Лимани, заменик Министерот за јавна администрација г-дин Лазе Јаќимоски и заменик Министерката за животна средина г-ѓа Ане Лашкоска, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Кичево, Александар Јовановски.
Заедно извршивме увид во целосно санираната спортска сала „Јанчица“, која беше една од најпогодените инфраструктурни објекти по поплавите што го зафатија нашиот регион. Денес, оваа сала повторно е подготвена за користење и ставена во функција на младите, спортските клубови и сите граѓани.
Воедно, беа посетени и повеќе инфраструктурни зафати низ градот, меѓу кои и реконструираната улица „Маршал Тито“, како една од најзначајните сообраќајни артерии во Кичево, која доби нов асфалт и подобрени услови за безбедно и непречено движење.
Продолжуваме посветено да работиме на модернизација и развој на Кичево, преку реализација на проекти што значат подобар живот за сите граѓани.
Благодарност до Владата за поддршката и соработката во реализацијата на проектите од значење за нашиот град.




