Тимот на САД утрово ја совлада Канада со 4:2 во натпреварот од групната фаза на Олимпијадата во Пекинг.

За Американците ова е прва победа над Канаѓаните на Олимпијадата по 12 години. Соединетите Американски Држави последен пат ја совладаа Канада во групната фаза на Олимписките игри во 2010 година, но потоа загубија во финалето.

По овој натпревар, САД со шест бода во два меча го зазема првото место во групата А на ЗОИ 2022, Канада со три бода се наоѓа на втората позиција.