Романската Национална метеоролошка служба издаде жолт метео аларм и предупредување за обилни врнежи од дожд во 12 окрузи, како и предупредување на зголемување на водостојот во остатокот од државата.

Метеоролозите предупредуваат на обилни врнежи, бури, силен ветер и град. Во најголем дел од државата се очекува нестабилно време, кое ќе донесе поројни дождови. Стабилизирање на времето најавуваат од недела.