Според Министерството за внатрешни работи на Франција, попладнево на демонстрациите излегле 33.500 демонстранти, јави МИА.
Петтиот чин од на мобилизацијата на „жолтите елеци“ беше многу помалку важен отколку во претходните денови. Сепак и покрај тензиите не беше забележано насилство како минатата сабота.
Демонстрациите се случија само пет дена по мерките обелоденети од Емануел Макрон за зголемувањето на куповната моќ, по што се отвори голема дебата во Франција.
Мобилизацијата исто така, беше послаба и во другите големи градови како Рен, Каен, Стразбур или Тулуз, стабилни, но слаби во Лион. Шеесет и девет илјади припадници на полицијата беа распоредени ширум Франција, од кои 8.000 во Париз, за да ги обезбедат демонстрациите.
Во Париз, на 115 лица им беше изречена мерка притвор од 168-те лица уапсени, според полицијата. Исто така, седум лица се повредени.
Во Бордо, каде што минатата сабота имаше насилнички испади, дефилираа 4500 “жолти елеци”, бројка слична како и минатата недела. И во Бордо имаше инциденти помеѓу полицијата и демонстрантите, а четиринаесет лица беа уапсени.
Во Нант, дефилираа околу1 .200 лица, според полицијата, и тука беше присутна извесна тензија, што се потхрануваше со редовна употреба на солзавец од полицијата. Властите соопштија дека имало единаесет апсења во 17 часот,
Околу 4500 “жолти елеци” протестираа во центарот на Тулуз, каде што се судрија демонстранти и полициски сили. Префектурата соопшти дека имало 29 апсења.
Во Безансон и Нанси, исто така, имаше судир, како на крајот на поворката во Сен-Етјен.
На повеќе патни правци сообраќајот се отежнуваше отежнато или беше прекинат поради блокадите на „жолтите елеци“