Во сообраќајна несреќа на автопат во близина на Цирих, денеска загина едно лице и 44 се повредени. Тројца од повредените се во критична состојба.

Автобусот сообраќал од Џенова кон Дизелдорф кога одеднаш возачот изгубил контрола и удрил во ѕид, наведуваат од полицијата. Меѓу повредените нема деца.

Портпаролка на полицијата нагласи дека оператор на автобусот бил кооперант на Филксбус, германска компанија што нуди услуги на меѓуградски превоз.