Во понеделникот се оствари предизборното ветување на претседателот, Доналд Трам -САД амбасадата од Тел Авив ја преселија во Ерусалим и со тој дипломатски чин ставија свој печат на признавањето на Ерусалим за главен град на Израел. За Палестинците (за арапскиот свет) ова значи удар врз нивната кауза и интереси, затоа што и тие Ерусалим (источен) го сметаат за главен град на идната палестинска држава.

Во протестите на Палестинците организирани против тој чекор, загинаа повеќе од 50 лица и нема најава дека тие ќе се смират или ќе се помират со оваа состојба.

Има и други важни детали кои го составуваат мозаикот на овој чекор, за кој Израелците рекоа дека ќе биде скапо платен, при што не се икслучуваат ниту подолготрајни регионални судири. Вашингтон, пак, во наредните години во Ерусалим ќе мора да изгради сигурна безбедносна тврдина за своето дипломатско претставништво.

Ал џезира, пак, се занимаваше со тоа кои земји беа претставени на свеченото отворање на амбасадата. Според официјалното соопштение на Израел, на церемонијата биле поканети сите 86 држави кои имаат свои дипломатски претставништва, а присуствувале 32. Од Европа на амбасадорско или на пониско ниво биле претставени Албанија, Австрија, Унгарија, Грузија, Чешка, Романија, Србија, Украина и Македонија.

Иако ЕУ претходно јасно кажа дека не го поддржува потегот на Вашингтон и побара преиспитување во интерес на мировниот процес, сепак, четири членки на Унијата застанаа зад Американците. Јасно е дека ЕУ нема цврст заеднички став и по ова прашање (Косово на пример е едно такво), а интересно е што и Македонија овој пат не се приклони кон општиот став на ЕУ, иако досега за тешки прашања како ова секогаш велела дека ќе ја следи политиката на Брисел, или била воздржана.

Во отсуство на официјален став од МНР, може да се спекулира дека таквата одлука е донесена врз основа на се подобрите билатерални односи. Можно е покрај тоа, да станува збор и за проценка дека во моментов е добро да се биде зад Американците во услови на големи геополитички бури.

Но, и за еден момент кој има историска длабина, а е важен особено во дипломатските односи. На пример на прашањето – зошто била присутна Македонија, може да се постави уште попровокативно – а зошто не беше Грција? Прашањето е суштинско затоа што Ерусалим не е само прашање на географија, туку и на историски случувања и геополитички игри (особено британско-француските). Исто така, точно е дека Ерусалим се смета и за престолнина на јудаизмот, на христијанството и на исламот, но точно е дека империите сакале да го освојат и да го приграбат за себе Ерусалим, што на некој начин е срцето на Евреите. Познато е дека Ерусалим многу историчари или експерти го сметаат за престолнина на верите, а еден момент особено се истакнува. Повторно поврзан со Македонците и повторно предмет на фаслификати. Во 4 п.н.е. Александар Македонски во своите походи ги поразува Персијците, издава едикт со што станува единствениот владел со персискиот цар Кир Велики, кој им дал на Евреите целосна граѓанска, културна и религиозна слобода. Затоа Евреите имаат запишано:„Ако воопшто може да се зборува за некакви светци, тогаш Александар Македонски е светецот над светците за Евреите“. Меѓутоа, во многу книги, иако Александар се наведува како Македонски или од Македонија, сепак, потоа се додава дека тој бил Грк кој го ширел хеленизмот. Со таквото фалсифкување на историските факти, всушност се фалсификува и коренот на хрстијанството кој е во Македонија и во Македонците, зашто едиктот на Александар значи ширење на еднобоштвото во империјата.

А, ете Грците беа отсустни во Ерусалим на еден многу важен датум. Македонија, пак, присутна.