Невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер вечерва може да ја зафати територијата на Република Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во западните и северните делови се очекува да наврне поголема количина дожд од над 25 литри на метар квадратен. Можна е и локална појава на град, особено во североисточните делови.

Синоптичарите за периодот од утре до петок најавуваат стабилно време освен во југоисточните делови каде е можна појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Повторно зголемување на условите за нестабилност се очекува во деновите од викендот.

Во Скопската котлина попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во вечерните часови.