Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека повторно ќе и помогне на Македонија во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

Тој синоќа на ТВ Пинк објасни дека трите земји од оваа иницијатива треба меѓусебно да си помагаат во месеците што доаѓаат.

– Секој секому може да помогне. Може во одредени денови да и помогнеме на Македонија во струја и во храна. Постојат различни денови, некој повеќе се потпира на хидрологијата, кога е добра Албанија може да и помогне на Македонија, понекогаш дури и на нас, вели Вучиќ.

Србија беше прва земја која и даде на Македонија вакцини кога власта на бившиот премиер Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче купуваа и промовираа фрижидери за чување, а немаа набавено ниту една вакцина.

Оваа соседна земја прва и помогна на Македонија и во кризата со брашно и масло за јадење.