УТРОВО НОВИ ДОЈАВИ: Осмо „бомбардирање“ на скопски училишта, првото беше при посетата на Македонија на Урсула фон дер Лајен

/ 16.11.2022

Откако претходно порталот Курир дозна дека во гимназијата „Јосип Броз Тито“ имало дојава за бомба, од МВР за порталот потврдија дека не станува збор само за дојава во едно училиште на територијата на град Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека:

„Денеска во СВР Скопје околу 9.30 часот е пријавено дека на електронска адреса на седум училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Инаку утрово само што започнала наставата во средното училиште „Јосип Броз Тито“ повторно имало дојава за бомба.

По оваа информација, учениците веднаш се евакуирани и пуштени надвор од училиштето.

Ова е осма дојава за бомба, а првата се случи истиот ден кога во посета на земјава беше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.


Од истата категорија