Македонците од Пиринска Македонија, но и од другите делови на Македонија и светот, денеска во Мелник, Бугарија со општонароден собир го чествуваат ликот и делото на војводата Јане Сандански, наречен Пирински цар.

Собирот го организираат Македонците од македонската организација ОМО Илинден-Пирин од Бугарија.

-Полицијата ги запираше сите автобуси, конфискуваа знамиња и постери, ги проверуваат и сликаа личните карти. Присуствуваат над 100 униформирани и цивилни полицајци, информираат од ОМО Илинден-Пирин.

На собирот учествуваше и говореше и внукот на Јане Сандански, Борис Сандански.

Пиринскиот цар Јане Сандански е  убиен е на 22 април 1915 година, а неговиот гроб се наоѓа до Роженскиот манастир во Бугарија.

Секоја година на неговиот гроб се одржува традиционално семакедонско чествување. Остануваат запаметени неговите зборови: „Да живееш значи да се бориш: робот за слободата, а слободниот – за совршенството“.

Во продолжение објавуваме фоторепортажа од денешното чествување на Сандански. Фотографиите се преземени од ОМО Илинден-Пирин.

(Д. Г.)