На 21.08.2026 во 14:00 часот во ОВР Берово, 66-годишна жена од беровско село пријавила дека нејзиниот 15-годишен внук од ќерка, на кого таа му е старател, се однесувал агресивно кон неа и ѝ се заканувал, информира МВР.

Според пријавата, пред неколку дена тој физички ја нападнал и искршил дел од покуќнината.

Известен е Центарот за социјални работи Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.