Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи денеска одбележува 25 години од формирањето.
На настанот пред Офицерскиот дом во Битола ќе се обратат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов.
Во рамки на одбележувањето ќе биде изведена тактичко-показна вежба, во која припадниците на Единицата ќе ги презентираат своите вештини, како и изложба на опрема која ја користи Единицата за брзо распоредување.
Настанот во живо може да го следите ТУКА.




