Наставничка позитивна на Ковид-19 однесе во домашна изолација 17 првачиња од основното училиште Гоце Делчев во Центар. По само 7 дена од стартот на учебната година корона вирусот влезе и во училиштата, известува Сител. Заразената последен пат била на настава во петокот а во неделата добила симптоми по што вчера и бил направен тест. Вирусот најверојатно го добила од член во семејството кој има корона. Уште една нејзина колешка не доаѓа на работа, но дури по тестирањето во сабота ќе се знае дали има Ковид или настинка. Учениците додека се дома ќе следат он лајн настава.

-Уште синоќа ги известивме родителите, тие се запознаени со оваа ситуација. Ги контактиравме и во петокот кога наставничката остана дома. Контактираме постојано со центарот за јавно и се почитуваат протоколите, вели Нада Моларовиќ, директор на ОУ Гоце Делчев – Центар.

Но не е само наставничката од Гоце Делчев со позитивен резултат. Ковид 19 имаат уште пет наставници од други училишта во државата, но немале контакт со ученици бидејќи држеле он лајн настава.