На предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, ЦК на ВМРО-ДПМНЕР го избра Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.

Тој доаѓа на местото на Игор Јанушев.

Ѓорѓија Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Сајкоски е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието.
Инаку во минатото Сајкоски има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа, директор на ЈП Студенчица.