Момче на 22 години од Македонија се удавило во водите на Јадранско море кај населбата Утеха близу Бар во Црна Гора, пренесе порталот Приморски .ме. Како што дознава порталот од жителите на Утеха, момчето требало да работи како сезонски работник. Вчера пристигнало во заливот меѓу Бар и Улцињ, каде околу 18 часот трагично го загубило животот во Јадранското море. Според првичната истрага, на телото на момчето не биле пронајдени траги од насилство. Причината за смртта треба дополнително да се утврди, за што обвинител ќе нареди обдукција на телото.

Од МНР го потврдија случајот, прецизирајќи дека се работи за наш државјанин, роден во Тетово.