7 ноември 2018

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 октомври.

Денеска Св. маченици Маркијан и Мартириј.

По смртта на цар Константин, на римскиот престол дојде Констанциј, неговиот син. Тој се имаше приклонето кон ариевата ерес. Во тоа време аријанците успеаа да го сменат правоверниот цариградски патријарх Павле и на негово место да доведат епископ-аријанец. Овие Маркијан и Мартириј служеа во време на Павле во соборната црква. Аријанците прво се обидоа да ги потплатат и да ги привлечат кон себе, а кога овие одбија, ги осудија на смрт. Свети Маркијан и Мартириј пострадаа маченички за Христа во 355 година. Подоцна, свети Јован Златоуст изгради црква врз нивните мошти.