Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Д.Т.(31) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 17.09.2026 пријавениот физички ја нападнал неговата 29-годишна сопруга, нанесувајќи ѝ повреди.